За нас

За нас
Smart Academy е формирана со цел организирање на обуки од општествената сфера.
Нашата мисија е да понудиме врвни експерти од својата област кои несебично ќе го споделат своето знаење и ќе придонесат кон создавање поуспешни и задоволни посетители.
Нудиме специјално дизајнирани обуки согласно потребите на компаниите но, и комерцијални обуки како дел од редовната програма. Истите можат да бидат:
– In-house обуки
– Online обуки (виртуелна училница)
– Класични предавања
– Индивидуални предавања и обуки
Smart Academy Ви гарантираат:
– Обуки од страна на врвни предавачи со богато портфолио и долгогодишно искуство
– Можност за работа на реални проекти
– Стекнување со практични вештини од соодветната област
– Работа во мали групи и целосна поддршка при спроведувањето на обуката, но и по неа
– Флексибилност за условите и начинот на учење
Додека ги креиравме содржините се водевме првично од личната потреба, но и од потребата и барањата на пазарот.
Така дојдовме до идеја да ја формираме Smart Academy, каде ќе нудиме обуки кои ќе бидат водени единствено од предавачи со долгогодишно искуство, врвни експерти во соодветните области и практичари кои својот професионален успех со задоволство го пренесуваат на посетителите.
Академиите се креирани да ги задоволат потребите на сите деловни субјекти, компании, претприемачи, стартапи, мали и средни претпријатија, но и младинци кои се на почетокот на својата кариера.
Целта е посетителите да стекнат вештини и компетенции во соодветната област и да го подигнат нивото на знаење. Од таа причина се решивме за флексибилен пристап на работа кој на компаниите или пак приватните институции ќе понуди можност за in-house обуки, специјализирани и креирани според нивните потреби, но истовремено и можност за online следење обуки за лица кои не се во можност да присуствуваат физички на обуките.
Бидете дел од неформалното образование во Smart Academy и креирајте поубава иднина за себе.