
Пакет Програма за интегрирани обуки за интерни аудитори ISO 9001; ISO 14001; OHSAS 18001-ISO 45001

Предавач:
Дејан Лазаров
ISO 9001; ISO 14001; OHSAS 18001-ISO 45001;
QM – Систем за управување со квалитет
EM – Систем за управување со заштита на животна средина
OH – Систем за управување со заштита на здравје и безбедност при работа
AU – Интерна проверка на системот (интерен аудитор)
Традиционално, организациите се фокусирани кон воспоставување на системи за управување кои ја докажуваат усоглосеноста со сите барања поединечно, често независни едни од други и понекогаш дури и во конфликт. Би требало да постои еден систем кој ќе и помага на организацијата со управувањето и ќе ги спојува сите целини заедно, било какви да се. Предизвик е да се задоволат потребите од неколку системи за управување додека се извршува работата, постигнувајќи го ова, може да биде корисно за ефикасност и ефективност на организацијата, како и смалување на трошковите. Понатаму тоа е шанса организацијата да се издвои од конкуренцијата.Усогласените системи за управување овозможуваат ефективни перфоманси во однос на поединачните одвоени системи. Сите организации се под притисок да докажат да системите за управување ги задоволуваат барањата на заинтерисираните страни, било да се усмерени кон квалитет на управување, екологија или здравје и безбедност при работа.
Интегрираниот аудит заштедува повеќе од 20% време за проверка на аудиторите. Оваа значајна заштеда можат да ја постигнат аудитори кои се способни да ја анализираат ситуацијата за време на проверката и да утврдат кои аспекти припаѓаат на различните системи за управување: квалитет, екологија и за заштита на здравјетото и безбедност при работа. На обуката не се предава на аудиторите како да ги воочат разликите помеѓу стандардите, туку како да ги разберат заедничките основи. Меѓутоа ова е само дел од тоа. Клуч е планирање на проверка и земање на пример на тестови за секој тек – квалитет, екологија и безбедност при работа. На курсот исто така ќе се разгледа како да се одржи почетниот состанок, да се запишат неусогласеностите и барањата, и за завршување на аудитот.
Програма на обуката:
Прв ден:
• Претставување и запознавање на учесниците
• Вовед во управувањето со системите
• Потреба од меѓународните стандарди за управување
• Вовед во стандардите и сродните публикации
• Меѓусебната поврзаност на стандардите за управување
• Усогласеност на барањата на стандардите ISO9001:2015; ISO14001:2015; OHSAS18001:2007-ISO 45001:2018 ;
• Евалуација на политиката
• Разбирање на барањата за ISO9001:2015; ISO14001:2015; OHSAS18001:2007-ISO 45001:2018 ;
• Закононски и регулаторни барања поврзани со стандардите
• Еколошки аспекти, влијанија и опасности и ризици при работа
Втор ден:
• Документација за интегриран систем за управување
• Споредување на ISO9001:2015; ISO14001:2015; OHSAS18001:2007-ISO 45001:2018 ;
• Интегрирање на ISO9001:2015; ISO14001:2015; OHSAS18001:2007-ISO 45001:2018 ; (процедури)
• Развој на процедури
• Имплементација на документи
• Интегрирана проверка – улоги, квалификации и структура
• Аспекти и влијанија
• Планирање и подготовка за аудит – основа
• Испити за трите стандарди
Трет ден:
• Вршење на проверка согласно барањата на ISO19011:2018
• Толкување на барањата на ISO19011:2018
• Планирање и подготовка за проверка/аудит
• Типови и техники на проверки/аудити
• Етика и професионален пристап при проверка аудит
• Вршење на интерна проверка/аудит
• План за проверка/аудит
• Состанок за започнување на проверка/аудит
• Пoдготовка на чек листа за проверка/аудит
• Идентификација на неусогласености
• Дефинирање на корективни и превентивни мерки
• Испит за Интерни аудитори/проверувачи (AU)
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА?
• Директори и менаџери
• Менаџери на QMS, EMS, OHSAS, EnMS систем
• Експерти и менаџери за квалитет
• Проектни менаџери
• Менаџери за управување со промени
• Интерни и екстерни аудитори за QMS, EMS, OHSAS, EnMS системи
• Менаџери за човекови ресурси
• Менаџери, специјалисти и стручни
• Лица од државни институции и други законодавни институции вклучени во управување со квалитет
• Консултанти
• За сите заинтересирани лица
Првиот ден е 8 часа
Вториот ден е 8 часа
Третиот ден 4 часа
Цена: 22.000 денари