fbpx

Практичен ексел за професионалци

Предавач:

Владимир Грујовски

Програма за курсот Практичен Excel за професионалци

1.Прилагодување на работна лента според личните потреби  

• Креирање на нова картичка во работната лента
• Креирање на нова група во картичка
• Додавање на нови функции во нова картичка
• Управување со работната летна

2.Движење и заштита

• Движење низ  табели
• Селектирање низ табели
• Движење низ работни листови
• Движење низ документи
• Кратенки за форматирање податоци
• Заштита на работен лист и документ

3.Приказ на работната површина 

• Видови прикази на работен лист
• Приказ на граници и наслови
• Замрзнување на првиот ред
• Замрзнување на првата колона
• Замрзнување на одреден број на редови и колони
• Одмрзнување на редови и колони
• Прикачување на надворешни документи

4.Печатење

• Одредување на површина за печатење
• Одредување на  границите на страните за печатење
• Основно мени за печатење
• Напредно прилагодување на работниот лист за печатење

5.Paste Special

 • Што е Paste-ирање
• Paste options
• Paste Operations
• Other options

6.Филтрирање  

• Вовед во филтрирање
• Филтрирање текст
• Филтрирање дати
• Филтрирање бројки
• Филтрирање според бои
• Филтрирање според два критериуми
• Користење на wildcard симболи при филтрирање
• Користење на Напреден Филтер

 7.Алатки за работа со податоци

 • Подредување на податоци
• Отстранување на дупликати
• Валидација на податоци
• Запознавање со алатката “Text to Columns”
• Групирање на податоци

8.Именување 

• Што е Именување
• Управувач со имиња
• Филтрирање, Бришење и Промена на зачуваните имиња
• Создади име
• Создади имиња според селекција
• Кратенка за снимање имиња
• Употреба на имиња во формули
• Прикачување на ворд документ во ексел и обратно

9.Работа со функции 

• Вовед во најосновните функции
• Основи на пишување функции
• Контрола на функции
• Функции за работа со текст
• Функции за работа со дати
• Логички функции и оператори
• Функции за работа со податоци

10.Работа со Пивот табели

 • Што се пивот табели
• Детално запознавање со функционалностите на пивот табелите
• Подредување и Напреден филтер(слајсер)
• Правење на пресметки
• Можности за форматирање на пивот табели и извештаи

11.Снимање макрос 

• Што се Excel Macros
• Снимање на релативни и апсолутни процедури
• Безбедност при користење макрос

12.Одговарање на прашања на учесниците 
13.Разгледување на примери од секојдневната работа на посетителите на обуката 

Вкупно: 20 училишни часа во времетраење од 45 минути по час.  

Цена: 12.000 денари

Цена со попуст: 6.000 денари

Со кои знаења ќе се стекнете на оваа обука? 

Преку оваа обука ќе добиете знаења и вештини да ја користите алатката MICROSOFT EXCEL
како вистински професионалци успешно совладувајќи ги сите можности кои ги нуди
EXCEL. Ќе започнете да работите многу поефикасно и ќе замените работа од ‘неколку
денови’ во работа од ‘неколку часови’ преку креирање на автоматизирано решение за
сите Ваши секојдневни предизвици.
На обуката ќе имате можност да поставувате прашања и да разговарате со менторот за
секојдневните предизвици од Вашата работа, како и да добиете совети за нивно
надминување.

СТАНЕТЕ НАЈДОБРАТА ВЕРЗИЈА ОД СЕБЕ!
За кого е наменета оваа обука?
Оваа обука е намената за секој кој сака да работи на што поефективен и поефикасен
начин. Во денешно време не постои индустрија што во било кој дел од својата работа не
ја користи програмата Microsoft EXCEL. Секој кој има желба да ги продлабочи своите
знаења од оваа област и има основни познавање од EXCEL како што е отварање,
зачувување документи и внесување на податоци во келии може да биде дел од обуката.