fbpx

Програма за обука на интерни аудитори за ISO 9001:2015

Предавач:

Дејан Лазаров

Програма на обуката:

Прв ден:

• Претставување и запознавање на учесниците
• Вовед во управувањето со системите
• Потреба од меѓународните стандарди за управување
• Вовед во стандардите и сродните публикации
• Меѓусебната поврзаност на стандардите за управување
• Усогласеност на барањата на стандардот ISO9001:2015;
• Евалуација на политиката
• Разбирање на барањата за ISO9001:2015
• Закононски и регулаторни барања поврзани со стандардот
• Испити за QM

Втор ден:

• Вршење на проверка согласно барањата на ISO19011:2018
• Толкување на барањата на ISO19011:2018
• Планирање и подготовка за проверка/аудит
• Типови и техники на проверки/аудити
• Етика и професионален пристап при проверка аудит
• Вршење на интерна проверка/аудит
• План за проверка/аудит
• Состанок за започнување на проверка/аудит
• Пoдготовка на чек листа за проверка/аудит
• Идентификација на неусогласености
• Дефинирање на корективни и превентивни мерки

• Испит за Интерни аудитори/проверувачи (AU)

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА?

• Директори и менаџери
• Менаџери на QMS систем
• Експерти и менаџери за квалитет
• Проектни менаџери
• Менаџери за управување со промени
• Интерни и екстерни аудитори за QMS системи
• Менаџери за човекови ресурси
• Менаџери, специјалисти и стручни
• Лица од државни институции и други законодавни институции вклучени во управување со
квалитет
• Консултанти
• За сите заинтересирани лица

Првиот ден е 8 часа
Вториот ден е 4 часа

Цена: 9.000 денари

Традиционално, организациите се фокусирани кон воспоставување на системи за
управување кои ја докажуваат усоглосеноста со сите барања поединечно, често независни
едни од други и понекогаш дури и во конфликт. Би требало да постои еден систем кој ќе и
помага на организацијата со управувањето и ќе ги спојува сите целини заедно, било какви
да се. Понатаму тоа е шанса организацијата да се издвои од конкуренцијата. Сите
организации се под притисок да докажат да системите за управување ги задоволуваат
барањата на заинтерисираните страни, било да се усмерени кон квалитет на управување,
екологија или здравје и безбедност при работа.
Интегрираниот аудит заштедува повеќе од 20% време за проверка на аудиторите. Оваа
значајна заштеда можат да ја постигнат аудитори кои се способни да ја анализираат
ситуацијата за време на проверката и да утврдат кои аспекти припаѓаат на различните
системи за управување: квалитет, екологија и за заштита на здравјетото и безбедност при
работа. На обуката не се предава на аудиторите како да ги воочат разликите помеѓу
стандардите, туку како да ги разберат заедничките основи. Меѓутоа ова е само дел од тоа.
Клучот е во планирање на проверка и земање на пример на тестови за секој тек –
квалитет, екологија и безбедност при работа. На курсот исто така ќе се разгледа како да се
одржи почетниот состанок, да се запишат неусогласеностите и барањата, како и начинот
на завршување на аудитот.
За кого е наменета оваа обука?
Оваа обука е намената за директори и менаџери, менаџери на QMS, EMS, OHSAS, EnMS
систем, експерти и менаџери за квалитет, проектни менаџери, менаџери за управување
со промени, интерни и екстерни аудитори за QMS, EMS, OHSAS, EnMS системи, менаџери
за човечки ресурси, лица од државни институции и други законодавни институции
вклучени во управување со квалитет, консултанти, како и за сите заинтересирани лица.