Најнапред би започнале со општа дефиниција за поимот јавна набавка. Јавна набавка е набавка на стоки и услуги или отстапување за изведување на јавни работи од страна на државни органи, организации, институции или други правни лица кои, во смисла на Законот за јавни набавки се сметаат за нарачатели. Суштина на јавната набавка е сите погоре наведени органи, организации и итн кои се финансирани со пари на даночните обврзници да извршат набавка која ќе ги задоволи нивните потреби од една страна, а од друга страна ќе спречи злоупотреба на државните пари и ќе овозможи набавка по најповолни услови.
Друга дефиниција за јавните набавки е таа дека тие претставуваат процес на користење на јавните средства од страна на одреден јавен орган, заради добивање на надворешни ресурси, најчесто од комерцијални понудувачи, односно економски оператори.
При доделување на договори за јавни набавки, договорните, односно јавните органи се должни да ги почитуваат основните принципи, односно да обезбедат:
- конкуренција меѓу економските оператори,
- еднаков третман и недискриминација на економските оператори,
- транспарентност и интегритет во процесот на доделување на договори за јавни набавки и
- рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за
доделување на договори за јавни набавки.
Почитувањето на наведените принципи треба да доведе до воспоставување на систем на јавни набавки во Република Северна Македонија, кој ќе овозможи почитување на правата и обврските од страна на сите учесници во постапките за доделување на договори за јавна набавка, како и ефикасна контрола на спроведените постапки. Во основа, секоја земја која претендира да воспостави транспарентен, ефикасен и функционален систем на јавни набавки во своите национални закони ги пропишува наведениве начела и истите мора да се применуваат при спроведување на постапките за доделување на договори за јавни набавки.
Јавните набавки во Р.С. Македонија со години претставуваат една од најзначајните економски активности, низ која државните институции купуваат стоки, услуги и работи во вредност што достигнува речиси една милијарда евра. Уште позначајно за разбирањето на обемот и на значењето на јавните набавки е што преку нив се троши повеќе од една третина од буџетот на земјата. Актуелизирањето на темата за јавните набавки се должи пред сена се
поголемата потреба на граѓаните да знаат на кој начин државата ги распределува парите што тие ги слеваат во државниот буџет.
Одговорно работење, транспарентност и ефикасност во управувањето со јавните финансии се основните начела на кои е неопходно да се потпира секое општество. Јавните набавки се една од клучните алатки во економските политики на секоја земја и највидливиот сигнал за доброто управување со јавните финансии.
Во Р.С.Македонија од април 2019 година е донесен нов Закон за јавни набавки кој го подобри квалитетот на набавките и ја зајакна транспарентноста и контролата на постапките, а во исто време ги направи постапките поедноставни и полесни за имплементација. Она што е најзначајно за компаниите е укинувањето на задолжителноста на најниската цена и електронската аукција, а од аспект на граѓаните значајно е дека се воведува управна контрола односно надзор врз тендерите што треба да овозможи превенирање и санкционирање на злоупотребите во јавните набавки.
Наспроти основните принципи на кои треба да се темелат јавни набавки, во пракса, истите се исклучително многу подложни на корупција, особено во земји како нашата каде институциите кои треба да ја превенираат и санкционираат се слаби. Имајќи го ова предвид, односно сериозните ризици од корупција во сите фази од набавките, од големо значење е воведувањето на управната контрола во јавните набавки од страна на Бирото за јавни набавки како државен орган кој во пракса треба да имплементира следење на тендерите и во зависност од констатираните наоди да доставува прекршочни пријави до надлежниот суд или да известува на надлежното јавно обвинителество.
Поради се горенаведено, од голема важност е договорните органи како нарачатели на јавните набавки, а од страна страна економските оператори како даватели на услугите, да се стекнат со потребите теоретски и практични знаења од областа на јавните набавки.
Доколку во Вашето секојдневно работење се соочувате со предвизвиците од областа на јавните набавки и имате потреба од квалитетна, професионална и стручна обука, Ви нудиме можност за стекнување и продлабочување на Вашето знаење во оваа област. Од нас ќе добиете знаење под водство на ментор кој е искусен и докажен професионалец во областа на јавните набавки преку предавање на теоретските како и практичните искуства во јавните набавки. Целта на обуката е да се зголемат капацитетите како на лицата кои дејстуваат и извршуваат работни задачи во полето на јавните набавки.